„Уште вчера бугарската владина прес-служба кажа дека се работи за ненамерен пропуст“ изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање околу фотографијата на која се гледа дека тој е отстранет од заедничката фотографија со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и бугарскиот колега Петков.



Петков не ја спомнува „исечената“ фотка со Ковачевски, но порачува: „Нема да не спречите“

„Ние со бугарскиот премиер Кирил Петков имавме навистина одлична комуникација на Минхенската безбедносна комуникација. Сакам да верувам дека одговорот што е даден од прес-службата на бугарската влада е тој вистинскиот и дека ќе продолжиме со одличната комуникација“, изјави Ковачевски денеска.

Премиерот завчера ја објави целата фотографија, додека Петков вчера објави „исечена“ фотка од тројната средба во Минхен.