
Не е битно што мисли и што сака народот, туку што мисли и што сака премиерот. Димитар Ковачевски, кој патем не беше избран на избори, вели дека на него било да носи тешки одлуки и да ги внесе Бугарите во Уставот – пренесе Алфа.
Ако во минатото се слушал гласот на народот, Македонија денеска ќе била без Рамковен договор и надвор од НАТО, вели тој.
„Во 2001 ние ќе немавме Рамковен договор, ако ги погледните анкетите пред Преспанскиот договор, ние денеска немаше да бидеме во НАТО, ако ги погледнете анкетите при прифаќањето од страна на Собранието за заклучоците за европскиот предлог и скрининг процесот, па ние уште ќе го немавме отпочнато скрининг процесот, исто и сега, лидерството е да донесете одлука за сегашните и идните гернерации, а не да се криете позади народот“, рече премиерот Димитар Ковачевски.
За разлика од Ковачевски, Мицкоски во повеќе наврати потенцираше дека власта е кај народот и дека граѓаните треба да одлучат. Лидерот на опозицијата порачува дека овој парламентарен состав нема мандат да го менува највисокиот правен акт, па според него редремени избори се единствено решение како да се испочитува волјата на народот и како што вели, Македонија да се спаси од криминалното владеење на двоецот ДУИ и СДСМ.
Целиот прилог на Алфа на следниот линк:





