Премиерот Димитар Ковачевски не се демантира себе си за ставот искажан во интервју за 360 Степени во кое кажа дека не се согласува со констатацијата дека барањата што ги изнел Мицкоски на лидерската се одбиени.
Сите барања на ВМРО ДПМНЕ, рече премиерот, се прифатени, вклучително и влада без ДУИ.
„На ИО и ЦО ќе бидат презентирани сите детали кои јавно беа соопштение на прес-конференцијата бидејќи не би се сложил со вашата констатација дека предлозите се одбиени. Сите предлози кои ги имаше ВМРО-ДПМНЕ се прифатени, па дури и предлогот што го имаа во однос на ДУИ прифатен од страна на ДУИ со нивно соопштение. Така што сите барања се исполнети“, рече Ковачевски во петокот за 360 Степени.
Четири дена подоцна Ковачевски не демантира дека СДСМ ги прифатила сите барања на ВМРО ДПМНЕ.
Целата вест од интервјуто со Ковачевски на овој линк
Видео






