Премиерот Димитар Ковачевски реагира на вчерашната изјава на лидерот на Движрерто Беса, Билал Касами“ според кој неговата партија ќе ги поддржи уставните измени само ако има предвремени парламентарни избори.



Ковачевски вели дека не сака да верува дека Беса на Биљал Касами станала заложник на Димитар Апасиев,лидерот на Левица која е единствена партијата против зачленувањето на Македонија во ЕУ.

БЕСА: Ако власта бара уставни измени треба нешто и да даде

„Ова е прашање на принципи и условување за вакви прашање е недозволиво. Зачленувањето во ЕУ е неповратен процес и тој процес единствено може да биде закочуван од оние кои се против членството во ЕУ. Таква партија има, тоа е партијата Левица и не сакам да верувам дека господинот Касами исто така се има ставено да биде во позиција на заложник на партијата Левица.

Условување на вакви важни одлуки е кочење на иднината на државата“, рече Ковачевски. Процеси кои имаат стратешко значење не може да бидат предмет на уцени, тие се за граѓаните. Замислете на следната одлука за ЕУ некој да рече ќе ве поддржиме само ако има предвремени избори во Тетово“, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Касами вчера рече дека Беса нема да ги поддржи уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, ако власта не попушти за предвремени парламентарни избори.