Ковачевски не презема одговорност ако не поминат уставните измени, призна мака со мандатот

Премиерот Димитар Ковачевски не сака да презема одговорност ако владата не собере 80 пратеници во Собранието и не поминат уставните измени.



По средбата со лидерите на партиите од владината коалиција Ковачевски призна дека владата има проблем со мандатот за промена на уставот.

„Не размислувам за оставка“ изјави премиерот Димитар Ковачевски кој не сака да преземе политичка одговорност доколку не се спроведат уставните измени до ноември, процес за кој засега власта нема поддршка од опозицијата.

„Не размислувам за поставка. бидејќи Владата има свои ингеренции во однос на управување со државата. Обврска за уставни измени е двотретинско мнозинство. Таа обврска ја имаат сите, не само Владата, туку и сите политички чинители и на секој пратеник да донесе одлука за иднината на граѓаните, бидејќи тие сакаат и заслужуваат европска иднина. Мандатот на Владата не е поврзан со гласањето на уставните измени“, изјави Ковачевски.