СДСМ својот претседателски кандидат ќе го бира преку дефинирана процедура, најдемократски, изјави премиерот и претседател на владејачкиот СДСМ, Димитар Ковачевски, синоќа, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.



Тој не открива кои имиња се „во игра“но нашироко опиша коиуслови треба да ги исѝполнува потенцијалниот кандидат за шеф на државата:

Според премиерот, претседателски кандидат треба „да се залага за европска интеграција на државата, кој се залага за надворешна политика којашто е целосно усогласена со НАТО и ЕУ, којшто ги почитува меѓународните договори на државата, којшто ја почитува Преговарачката рамка со ЕУ, којшто ги почитува сите граѓани без разлика на нивната, пред сè, етничка и која било друга припадност и претседателски кандидат којшто има визија за Северна Македонија како полноправна членка на ЕУ – со економски раст, со врвно владеење на демократија и право и социјална сигурност. Тоа е победничкиот кандидат и тоа е е профилот на претседателски кандидат којшто СДСМ ќе го понуди и којшто ќе треба, нормално, да ги дели вредностите на нашите коалициони партнери“.

На прашањето дали овие услови ги исполнува актуелниот претседател , Ковачевски со одговор:

„Стево Пендаровски, ако го анализираме неговото работење во изминатите пет години, тој апсолутно ги исполнува овие вредности и затоа тогаш и бил кандидиран. Бидејќи претседателот Пендаровски беше кандидиран како консензуален кандидат. Да не заборавиме дека тој беше поддржан отворено од коалиција која вклучуваше партии на Албанците“, рече Ковачевски..

Премиерот додаде дека повикот од неговата партија за консензуален претседател не е само за ДУИ и Алијанса за Албанците, туку за сите партии што ги споделуваат вредностите за кои се залага СДСМ.