Не е прекршен Изборниот законик со тоа што место да биде предложен технички премиер од најголемата владејачка партија СДСМ , како што е пропишано, предлогот е тоа да биде од помалата коалициона партија, во случајов ДУИ, вели премиерот Димитар Ковачевски.
Џафери: Технички премиер дава коалицијата со најмногу пратеници
„Прво, не се крши законот затоа што и денес и претходната влада е коалициска влада и ако го погледнете мандатот што го доделува претседателот на државата, тој го доделува на коалиција.
Таа е онаа која што има најмалку 61 пратеник во Собранието, така се доделува мандатот. Така што, со тоа ништо не се крши.
Во однос на техничката влада, таа е законска обврска што како што е за мене законска обврска да поднесам оставка 100 дена пред избори, со што целата влада е практично во оставка. Обврска на сите политички партии е да учествуваат во влада која треба на техничко ниво да ги спроведе изборите“, вели Ковачевски.






