На овој начин премиерот Димитар Ковачевски ја прокоментира изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев според кој „македонското раководство може да тврди оти гради модерно мултиетничко општество кога ќе најде сила да ги вклучи „сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав“.



Радев: Скопје да смогне сили да ги впише „сонародниците на Гоце Делчев“ во Уставот

„Откако работната група ќе ги направат амандманите, наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав“ – одговори Ковачевски на барањето на бугарскиот претседател.

Премиерот не сакаше да ги коментира реакциите од Бугарија, по неговата изјава дека „бугарскиот дискурс кон Македонија е сличен на дискурсот што Русија го применува во Украина“.

Рече дека тоа што имал да го каже на Самитот на Советот на Европа – го кажал јавно и не би го коментирал дополнително.