Премиерот Димитар Ковачевски вели дека засега не е отворена дискусија кој би бил кандидат за претседателските избори, но е убеден дека победник ќе биде кандидат предложен од СДСМ, се разбира со поддршка од „партнерите“…
Прашање што циркулира во јавноста е дали кандидатот на СДСМ за претседател на државата може да биде Соран Заев, кој пред неколку дена се појави како иден член на „стратешкиот тим“ на партијата…
Оаква дискусија воопшто не била отворена во СДСМ – вели Ковачевски. Партијата има пропишана статутарна постапка како се предлага и се утврдува претседателски кандидат. За тоа, како што нагласи, ќе има консултации и со коалициските партнери, рече Ковачевски во гостување на ТВ Сител.
„Победник на следните претседателски избори ќе биде кандидатот предложен од СДСМ и поддржан од проевропската коалиција.
Со оглед на тоа што ние покажавме дека не калкулираме со важните одлуки во државата, дека не сме водени од дневна политика, дека не сме водени од личен интерес, туку напротив, СДСМ и коалиционите партнери, а тоа секогаш го кажувам бидејќи и тие се дел од носењето на одлуките, ги донесовме најтешките и најважните одлуки од првиот ден на самостојноста на нашата држава.
Сетете се и на Охридскиот рамковен договор и на Преспанскиот договор и на влегувањето во НАТО и на заклучоците во Собранието за усвојување на Преговарачката рамка, отпочнувањето на преговорите и првата меѓувладина конференција. Тоа се одлуки кои ги донеле СДСМ“, вели Ковачевски.






