Димитар Ковачевски, кандидат за претседател на СДСМ во емисијата 24 анализа истакна дека секогаш постои можност за освежување во партијата со нови членови.
– И тоа го има како можност во статусот на партијата, бидејќи ние после избор на претседател кој и да биде избран, сите ќе застанеме зад него, бидејќи сите три програми се јавни. На тој конгрес постои можност за докомплетирање на членови на Централниот одбор, каде што може да се направи освежување, зошто има одреден процент кој се остава на новоизбран претседател да предложи одредени кадри кои ќе влезат во ЦО и тие после како членови ќе можат да заземат една од позициите. Што се однесува до потпретседателите, ние сме партија која многу внимава на застапеноста на жените и јас ќе внимавам и моја цел е 50-50 мажи и жени, зотшо тоа е значајно за развој на нашето општество – вели Ковачевски.





