Ковачевски најави средба со Мицкоски, но без присуство на медиуми

Ќе има средба меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, но не пред очите на јавноста, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски на увид на регионалниот пат Битола-Меџитлија, чија рехабилитација заврши и патот е пуштен во употреба.



На прашањето дали ќе го покани Мицкоски на договори за техничката влада, Ковачевски одговори дека техничката влада е законска одредба и дека има комуникација меѓу сите политички партии во парламентот.

„Законска одредба е техничката влада. Немојте да сметате дека нема комуникација меѓу сите партии. Откако партиските органи ќе заседаваат, ќе има средба која нема да биде најавена преку медиуми, туку ќе има нормален разговор за реализација на тоа што е определено согласно Законот, односно распределба на ресорите во техничката влада, изгласувањето на таа Влада во Собрание и подготовка за избори“,
кажа премиерот.