Ковачевски на Прочка побарал прошка од пратеничката на која и реплицираше со ,,ружна”

На христијанскиот празник Прочка премиерот Димитар Ковачевски побарал прошка од пратеничката на која и реплицираше со ,,ружна”.



Ковачевски во неделата на празникот по телефон и се јавил на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменковска Трајковска на која во собранието, додека таа зборуваше за непотизам и корупција, обраќајќи и се на пратеничката рече дека неговата сопруга била убава и барем не била ружна.

Извори во СДСМ велат дека лидерот на владеачката партија негира дека ја навредил Стаменковска Трајковска но дека сепак во духот на празникот сакал да побара прошка.

Изворите ја потврдуваат информацијата која вчера со јавноста ја сподели професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова на емисијата Заспиј ако можеш.

И се извинил ли премиерот тајно на пратеничката на која и реплицираше со зборот ружна (ВИДЕО)