Ковачевски на најголемиот празник не употреби ни Македонија ни македонски

Премиерот Ковачевски во пораката во чест на најголемиот празник Илинден не употребува ниту Македонија ниту македонски.



Во својот пост на социјалните мрежи Ковачевски ниту еднаш не го споменува името на својата држава ниту придавката македонски/македонско.

,,Одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ е пред нас.

Се поклонуваме пред нашите илинденци, пред нашите револуционери, нашите партизани, чие визионерство за слободна, независна и демократска држава денес живее во сите нас”.
Илинденските вредности се нашиот код, огништето на нашата татковина.

Нека ни е честит и вековит Илинден, Денот на Републиката”, напиша Ковачевски.

Една од најголемите апологет(к)и на СДСМ реагира и открива за кого во иднина ќе го даде својот глас

Колозова лута за пренесен статус за Мицкоски, најави дека ќе гласа за ДУИ