Премиерот Димитар Ковачевски веднаш по вчерашната објава на исходот од парламентарните избори според кои Српската Напредна странка убедливо победи, му ја честитал победата на српскиот претседател Александар Вучиќ.
И покрај тоа што српската опозиција не ги признава резултатите од изборите Ковачевски веќе испратил честитка до Вучиќ.
Во емисијата Студио 10 со Мишко Иванов на ТВ24 денеска Ковачевски изјави дека вчера, преку СМС порака му честитал за изборната победа на Вучиќ.





