Оставка и осуда од коалиционите партнери бара јавноста откако беше објавена аудио снимка, на која се слуша собранискиот спикер, Талат Џафери, како ги пцуе вработените во собраниските служби.
Премиерот иако ја видел снимката, одби да ја коментира затоа што не знае кому биле упатени пцовките.
Ковачевски не најавува дека преку службите за безбедност кои ги контролира ќе провери дали Џафери има деловна способност која може да ја загрози и безбедноста на државата.
Џафери одби да даде објаснување за јавност за однесувањето кое укажува на недоволна деловна способност односно неможност да ја врши функцијата спикер.
Покрај итна оставка, опозицијата бара и преиспитување на неговата способност за работа.
Завчера и друг функционер на ДУИ ја разбранува јавноста. Министерот за економија, Крешник Бектеши, при гостување во Тирана, реагираше кога новинарка го нарече македонски министер.
Но, како и Џафери, ни Бектеши не почувствува потреба да ѝ се извини на јавноста.






