Ковачевски: Местото на Западен Балкан е во ЕУ

Местото на земјите од Западен Балкан е во ЕУ – смета премиерот Димитар Ковачевски кој се сретна со лидерите на земјите од регионот во пресрет на утрешниот Лидерски состанок во Скопје, посветен на Планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската Комисија.



“Местото на сите држави од регионот е во ЕУ и го имаме потребниот лидерски потенцијал за носење на храбри одлуки за подобра иднина. На сите нас – и на Западен Балкан и на Европа, ни се потребни единство и стабилност” напиша Ковачевски.

Оваа средба е последната со лидерите за земјите од Западен Балкан со оглед на тоа што Ковачевски најдоцна до петок ќе се раздели од премиерската фотелја.