Ковачевски, Македонија, Петрова и коментарите што не се за објавување (ТВИТ НА ДЕНОТ)

Извесна Виолета Петрова која живее во Дармштад, Германија е единствената која му дала поддршка на премиерот Ковачевски на Твитот во кој тој ја прославува фазата наречена почеток на почнување на преговори со ЕУ.



Во твитот Ковачевски воопшто не го спомнува името на државата ниту Македонците.

,,Се затвори едно поглавје, и отвораме ново.
Затоа, сега е времето кога треба да застанеме заедно, обединети, полни оптимизам и верба за подобро утре, за да можеме да ги здружиме силите и заеднички да се посветиме на развивање силна, успешна и просперитетна европска држава”, пишува Ковачевски во Твитот по што освен Петрова му пишуваат и повеќе други луѓе твитерџии.

Дел од коментарите воопшто не се за јавна комуникација но Ковачевски не го брише твитот.

Ваков сооднос меѓу коментари со поддршка и коментари со критика немаше ниту екс премиерот Заев.

Сите коментари во твитот