Ковачевски: Македонија далеку пред другите во однос на интеграцијата со ЕУ

Ако треба да се издвојат лидери во однос на интегрирањето во ЕУ тогаш Северна Македонија е сигурно на врвот на таа листа, рече премиерот Димитар Ковачевски



„Македонија е далеку пред голем број држави во однос на интеграцијата со европското законодавство, со европските практики и со европските институции“ одговори на новинарско прашање дали е загрижен дека Украина би можела да ја престигне Македонија во евроинтеграциите од политички причини, премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес- онференција во Берлин со неговиот домаќин канцеларот Олаф Шолц.

„Ние веќе имаме 45 проценти од нашето законодавство хармонизирано со ЕУ, ние сме држава со најголема искористеност на ИПАРД фондовите од земјите кандиати, па дури и од некои земји членки. И затоа сметам дека ако треба да се издвојат лидери во однос на интегрирањето во ЕУ тогаш с. Македонија е сигурно на врвот на таа листа“, вели Ковачевски.

Тој уште додаде дека „како држава имаме комплетно усогласена надворешна политика со ЕУ иако не сме членка, во однос на неоправданата агресија на Русија во Украина, и ја поддржуваме политиката на отворени врати на НАТО и на политиката на пропирување на ЕУ.