Ковачевски ќе и помага на Данела за Скопје да личи на метропола

Скопје не изгледал на ништо и затоа Премиерот ќе ја повикал градоначалничката да помогнел градот да заличел на метропола. Тој ќе интервенирал да ги поправи работите во градот.
-Зборуваа дека ќе го направат Скопје метропола, но за жал погледнете какво е. Не може да се доправи ништо што е започнато и од таа причина планирам да го повикам раководството на градот за да помогнеме, вели Ковачевски, прашан за тоа дали ќе има субвенции за парното откако компаниите пријавија зголемени трошоци. Според него, парното греење било обврска на град Скопје , но тој ќе го повикал раководството на разговор за да се разговара оти граѓаните заслужувале да живеат во метропола.