Лидерот на ДУИ Али Ахмети викендов во Сопот отвори музеј во кој главен експонат е знаме со карта на „Голема Албанија“ со делови на Македонија, Србија и Грција, а истата карта е изгравирана и на мермерна плоча пред влезот на самиот објект.



За премиерот Димитар Ковачевски, картата на „Голема Албанија“ е задоцнета најмалку 145 годинии, а такви карти има во секоја држава во регионот.

„Такви настани секогаш со право предизвикуваат бура реакции кај граѓаните. Прво, ако добро пресметав утрово, ставање на таква карта е задоцнето најмалку 145 години, односно точно 145 години. Ако по нешто може да се отслика какви биле односите на Балканот пред 145 години, пред 200 години, тоа се таквите слични карти кои што ги има секоја држава на Балканот. Ама буквално секоја’ вели Ковачевски.

Премиерот објасни дека таа е ставена на приватен имот и не било побарано никаква дозвола од Општина Куманово

„Сметам дека она што ние го имаме како општество воопшто не ги прави релевантни таквите мапи. После 2001 година и по влегувањето во НАТО, ние имаме други релевантни мапи, а тоа се мапите на НАТО и наскоро мапата на Европа. Сè друго е задоцнето“, изјави Ковачевски.