Премиерот Ковачевски тврди дека не прифаќа решение со Бугарија кое не и одговара на Македонија.
,,Јас ги кажав нашите позиции. Нема разговори за македонскиот јазик, идентитет и решението треба да содржи севкупно решение и гаранции дека со ова веќе нема да постојат никакви други барања во однос на нашето понатамошно напредување во интеграцијата на ЕУ”, објави премиерот.





