Ковачевски ја поздрави денешната „Парада на гордоста“ во Скопје

Премиерот Димитар Ковачевски пред денешното одржување ја поздрави денешната „Парада на гордоста“ во Скопје или „Skopje Pride“.



„Секој има право на почит, достоинство, прифаќање без предрасуди и еднакви можности за самореализација, порача премиерот.

Затоа грижата и напорите кои ги вложуваме да обезбедиме афирмација и отворен простор за активно учество на ЛГБТИК+ заедницата остануваат наши патокази во градењето демократско општество кое практикува европски вредности и во кое има место за сите.

Како Влада посветено работиме за да овозможиме добробит на сите граѓани – донесовме Закон за спречување и заштита од дискриминација каде влегоа и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Комисијата за заштита од дискриминација за прв пат има лица и од граѓанскиот сектор. Има уште предизвици, но заедно и посветено ќе ги решаваме и надминуваме.
Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања во Северна Македонија.
Посакувам успешен и мирен #SkopjePride, напиша Ковачевски. Фокус