„Македонци има во скоро сите држави во светот. Како што има Македонци во САД, Германија, така има Македонци и во Бугарија, Грција…



Луѓе кои се самоопределуваат како Македонци и ним им следуваат сите права да ги изразат своите желби за самопоределување“, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајки на новинарско прашање околу регистрацијата на партиите на Македонците во Бугарија.

„Постојат и пресуди на Судот за човекови права кои Бугарија не ги спроведува.

Ги повикувам бугарските власти согласно нормите да постапат, бидејќи се членка на ЕУ, да бидат почитувани сите права на секој поединец кој се самоопределува различно“, рече Ковачевски.