Ковачевски: Идниот шеф на државта ќе биде од СДСМ, а јас останувам премиер

„Идниот претседател на државата ќе биде претседателот предложен од СДСМ и коалицијата.



На парламентарните избори пак, победник ќе биде проевропската коалиција која ја предводи СДСМ, а јас ќе сум повторно премиер и ќе ја составам наредната проевропска влада.

Тоа ќе биде Владата која ќе го обезбеди членството на Северна Македонија на Европската Унија.

Тоа е моето ветување“, изјави премиерот Ковачевски за „Цивил медиа“.

Мандатот на актуелниот премиер ќе биде скратен за 100 дена кога, согласно договорот Ахмети-Заев, технички премиер ќе биде Албанец, за што е предложен Талат Џафери.