Ковачевски и пресуди на својата земја: Македонија е во пресудни мигови од својата историјата

Премиерот Ковачевски смета дека Македонија го живее своите пресудни мигови. Иако до вчера тврдеше дека Македонија како членка на НАТО е безбедна земја која извезува стабилност во регионот денеска тој мисли дека земјата се соочува со пресудни моменти.



Апокалиптичниот статус на Македонија тој и го додели во јавната благодарност за словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар која според него дала охрабрувачките тонови и силни пораки во нејзиното денешно обраќање пред пратениците.

,,Во овие пресудни мигови во нашата историја, навистина многу значат нејзините зборови на поддршка на нашиот европски пат и пораката дека мора да се забрза со евроинтеграцискиот процес бидејќи сега е вистинскиот момент.

Сега е време да покажеме заедништво, да покажеме државнички став и да покажеме дека нашето место е во Европската Унија”, напиша Ковачевски без да каже зошто Македонија се соочува со пресудни моменти и што ако тие не минат како што сака тој.