Премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричич се сретнаа со Џорџ Сорос на маргините на Минхенската безбедносна конференција.



На средбата присуствувал и синот на основачот на „Отворено општество“, Александар Сорос. 

Од Владата не соопштија повеќе детали за тоа кој бил поводот за средбата.

„Соговорниците истакнаа дека отвореноста на државата за развој на демократијата, владеење на правото се клучни за развој на економијата, за нови инвестиции од домашни и странски компании.

Ковачевски додаде дека Владата ќе продолжи да го поддржува слободоумното граѓанство и критичката маса“, беше соопштено од Владата.