Вицепремиерот Артан Груби речиси го нема на фотографиите што премиерот Ковачевски ги објавил од денешниот настан на почетокот на работите на Коридорот 8 што треба да го прави американско – турскиот конзорциум Бехтел – Енка.
Дали поради срам и за да избегне поврзаност со корупциските скандали на Груби, за да не му ја зема славата од градбата на проектот, дали затоа што Груби беше ѕвезда на денот со испечатената маица со Коридорот 8 или од некоја четврта причина Ковачевски не ставил ниту една крупна фотографија од или со Груби на објавата за настанот.
На фотографиите можат да се видат голем број други членови на владата, дипломати, функционери но во крупен план го нема ниту Груби ниту лидерот на ДУИ Али Ахмети.
За разлика од него Груби во својата објава ставил повеќе фотографии од неговиот шеф во владата и од лидерот на ДУИ.
Линк до статусот на Ковачевски на кој може да се води дека Груби речиси не може да се препознае односно го има само на една фотографија и тоа заедно со уште триесетина лица.
Линк до статусот на Груби каде Ковачевски е доминантна фигура.



















