Од Кабинетот на шефот на државата и денеска реагираат на „прозивката“ од премиерот во заминување Димитар Ковачевски, според кој претседателот Стево Пендаровски ја презел обврската за евентуални преговори со грчките власти за продолжување на важноста на македонските пасоши на кои стои името Република Македонија.



Што со оние над 1 милион граѓани кои не ги сменија „старите“ пасоши

„Како што и претходно информиравме, претседателот Пендаровски даде предлог за надминување на проблемот што се појави во однос на замената на личните документи и патни исправи, но таа процедура е во целосна надлежност на Владата и Собранието.
Во однос на комуникацијата со Грција, претседателот Пендаровски може да помогне во процесот, но нема преземено обврска во таа смисла“, се вели во соопштението од кабинетот на шефот на државата.

Не претседателот туку МНР треба да побара од Грција продолжување на рокот на пасошите

Премиерот Димитар Ковачевски и денеска порача дека го чека разговорот на македонскиот претседател Стево Пендаровски со грчката претседателка, за понатамошни консултации за евентуално продолжување на рокот на важност на личните документѕи со старото државно име.

„ Пасошите се потребни за патување надвор од државата, па треба да се постигне некаков договор со Грција, рече премиерот Димитар Ковачевски запрашан дали власта води некакви разговори за евентуално пролонгирање на рокот за замена на патните исправи“.

„…На крајот на денот, дестинација каде што најмногу патуваат нашите граѓани е токму Грција, од доминантно туристички причини“, кажа Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање на настан во Шуто Оризари.