Ковачевски го плаши Мицкоски за Пржинска влада со законот кој вели дека технички премиер треба да биде од ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Ковачевски го плаши Мицкоски за Пржинска влада со законот а тој вели дека премиерот треба да го даде ВМРО-ДПМНЕ



За најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека ќе размисли дали ќе учествува во техничката влада, Ковачевски вели тоа е законска обврска.

,,Таа е наведена во Законот за влада, во законот за избори и сметам дека сите политички партии треба да ја испочитуваат својата законска обврска, исто како што е моја законска обврска на сто дена пред изборите да поднесам оставка, што ќе го направам. Исто така е и обврска на сите политички партии да учествуваат во изборниот процес, во спротивно се става една дамка во изборниот процес, без никаква потреба”, изјави Ковачевски кој го цитира Законот за влада кој кажува нешто сосема спротивно од тоа што го тврди премиерот.

Според член 43 од законот за влада техничкиот премиер го номинира партијата со најголем број на пратеници.

Во моментов ако се оди според законот според број на пратеници како што налага законот премиерот треба да го номинира ВМРО-ДПМНЕ затоа што има најголем број пратеници како партија

▪️37 – ВМРО
▪️31 – СДСМ
▪️13 – ДУИ

Ковачевски вели дека неодамна имало успешна лидерска средба на која со исклучително широк консензус бил договорен датумот за претседателски избори и датумот за парламентарните избори во редовен термин, а беше поддржано дека ќе имаме техничка влада.

,,Значи дека толку краток период пред изборите нема да има промена на Изборниот законик во тој дел и на Законот за Влада, што значи дека сите политички партии треба да учествуваат во изборниот процес така како што е предвиден согласно закон и на крајот да имаме демократски избори, како што имавме во изминатиот период после 2016 година и да добиеме и претседател на држава, и Парламент и се разбира и Влада Македонија да продолжи во своите евроинтеграции”, рече Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ најавува дека е можно да не учествува во техничката влада на што не може да ги натера ни Ковачевски ни владата затоа што право на пратениците во Собранието е да ја гласаат или да не ја гласаат владата како што ВМРО-ДПМНЕ има право да не номинира технички министри и заменици министри.

Ковачевски според изјавата се плаши дека ако остане сам во владата со ДУИ и Алијансата за Албанците и премиер Талат Џафери ќе загуби дополнителен број гласачи на ионака катастрофалниот рејтинг на СДСМ на анкетите.