Премиерот Димитар Ковачевски отфрла секаква одговорност на министерот за образование, Јертон Шаќири, за грешките во новиот учебник по „Историја и општество“ за V-то одделение.



Историчари: Сите грешки и „копирајт факти“ во учебникот за V-то одделение

„Министер за образование и наука не ги пишува учебниците“ – вели премиерот.

„Учебници пишуваат автори, рецензија прават рецензенти. Затоа, онаму каде што се појавиле грешки при пишувањето на книгите, при нивното рецензирање, тие ќе треба да бидат вратени и да бидат заменети со текстови кои што ќе бидат напишани на научен начин, рецензирани согласно научната пракса, и како такви повторно дистрибуирани“, објасни Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.