Премиерот Димитар Ковачевски вели дека процесот за уставните измени започна успешно, и дека доказ за тоа се бројот на поратеници кои гласаа за дневниот ред на седницата во петокот.
„Ви кажав дека процесот започна, и тоа започна успешно, со 70 гласа за изгласување на дневниот ред, иако некои претпоставуваа дека ќе биде под 65 пратеници, меѓутоа во моментов има 73 пратеници, се видоа позициите на политичките партии“, изјави вчера во гостување на ТВ Сител, премиерот Ковачевски.
Тој, како што рече, остава простор за разговор со ВМРО-ДПМНЕ:
„Сметам дека тој разговор треба да се води институционално, Парламентот е најдобро место за тоа, за да на крајот дојдеме до решение кое што ќе биде во интерес на граѓаните, бидејќи граѓаните сакаат да живеат и заслужуваат да живеат во земја-членка на ЕУ“, рече премиерот.






