Пропагандно видео објавено од премиерот покажува крајно нелогична ситуација.
Според видеото и претходните изјави тој не спречил неговата сопруга да добие државна земја за речиси џабе со потпис на вицепремиерот Артан Груби но Ковачевски е посветен на енергетска трансформација.
Како е можно Ковачевски да е посветен на енергетска ситуација а да не знаел и да не спречил сопругата Елена да добие државна земја за 70 денари за метар квадратен на која се градат фотоволтаици е прашање на кое премиерот треба да одговори.
За оваа чудна ситуација има најмалку две сценарија.
Или премиерот е посветен само на енергетски проекти во кои не учествува неговата сопруга или знаел за потписот на Груби за фирмата на неговата сопруга ама ја лажел јавноста дека не знаел што прави неговата животна сопатничка.
,,Посветени сме на енергетската трансформација, с. Македонија станува регионален центар на зелена енергија. Владата покажа што значи вистинска грижа за животната средина и за граѓаните.
Заедно, чекориме кон посветла и европска иднина за s. Македонија!”, порачува Ковачевски во видеото во кое не кажува дали води грижа и за фирмите во енергетскиот сектор во кои како инвеститор се јавува неговата сопруга.
Посветени сме на енергетската трансформација, Северна Македонија станува регионален центар на зелена енергија. Владата покажа што значи вистинска грижа за животната средина и за граѓаните.
Заедно, чекориме кон посветла и европска иднина за Северна Македонија! pic.twitter.com/q2UUMZFYvl
— Dimitar Kovachevski (@DKovachevski) August 13, 2023
Можно ли е Ковачевски да не знае дека Груби потпишал сопругата Елена да добие државно по багателни цели.






