Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, кој учествуваше на Осмомартовскиот марш на Форумот на жени на СДСМ во Прилеп, изрази восхит што на чело на Министерство за одбрана е министерката Славјанка Петровска.
„Добро е што и ние и Република Северна Македонија, сега, во услови на војна на европскиот контитент, ја имаме министерката за одбрана, нашата колешка Славјанка Петровска – истакна Ковачевски.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, отсекогаш ги препознавал и почитувал моќта и способноста на жените, кои се наоѓале и денес се наоѓаат на важни челни позиции и во Владата и во партијата, порача премиерот.
Тој истакна дека родовата еднаквост не е само женско, туку е и општествено прашање.
Во своето обраќање, тој ја нагласи важноста на родовите можности во политиката, затоа што, според него, политиката, владите и парламентите, се тие што ги предлагаат и ги носат законите, со коишто се гарантираат човековите права, со тоа и родовите права.






