Ковачевски запрашан кога ќе ја избрка од Македонија корумпираната компанија каде што работел

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски доби прашање кога ќе ја избрка од Македонија корумпираната компанија Телеком каде што претходно работел.



Прашањето го поставува екс министерот за финансии Џевдет Хајредини

,,Дали и кога Владата мисли од Македонија да го избрка ТЕЛЕКОМ, затоа што е познато дека нивни менаџери подмитувале некогашни и сегашни високи политичари и државни функционери на нашата земјата, во познатиот најголем корупциски скандал со Дојче Телеком?
ххх
Ковачевски не одговара на ова прашање, иако прво за заменик министер, а потоа и премиер на Владата (дали случајно?), дојде токму од оваа коруптивна компанија, во која бил на раководни функции”, порачува Хајредини кој потсетува дека Дојче Телеком, Маѓар Телеком и нивните директори судот во Њујорк за овој корупциски скандал, веќе ги осуди и ги казни.

,,Сигурно и самиот не мисли дека на прашањето одговорил кога вели: “Благодариме што нè контактиравте. Ја примивме вашата порака и го цениме што се јавивте”.
Не случајно, и Зоран Заев, при една средба во својот кабинет, на актуелните директори на МАЃАР ТЕЛЕКОМ им вети “искрена соработка” на Владата и во иднина, исто како во минатото.
Заев пред да се врати во Струмица, изјави дека во Македонија нема корупција во првиот и вториот ешалон, туку само во пониските ешалони”, пишува екс министерот за финансии според кого ,,компанија која ги корумпира државните функционери, како што е случајот со ТЕЛЕКОМ, од каде Вие сте дојдени, не може да биде “препознатлив бренд”, како, од само на Вас познати причини, така ја нарекувате”.