Ковачевски: Албанскиот не е мој мајчин јазик, а, сепак, одлично се разбираме бидејќи е мојот братски јазик!

Говорејќи на свеченоста во Битола за Денот на албанската азбука, премиерот Димитар Ковачевски им се обрати со „Фатмир брат“ на вицепремиерот за економски прашања Битиќи и на министерот за финансии Бесими.



„Можеше да се чуе од моја страна: ‘Фатмир брат, те молам направи ја оваа пресметка’ или кон другиот Фатмир: ‘Фатмир брат, ако може до утре ова законско решение да го подготвиме’.

Албанскиот јазик не е мој мајчин јазик, а, сепак, одлично се разбираме бидејќи е мојот братски јазик!“, рече Ковачевски, измамувајќи воздржана насмевка само од министерот за образование Јетон Шаќири, неговите двајца „браќа“ Фатмири не реагираа, а вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и неговиот партиски шеф од ДУИ, Али Ахмети, си зборуваа меѓусебе.