Имаме јасни државни позиции во однос на разговорите со Бугарија, имаме усвоена Резолуција во Собранието, поддржана од сите партии, вели претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Димитар Ковачевски, по денешната прес-конференција на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
– Мојот впечаток е дека станува збор за изразено лично незадоволство поради завршување на неговото учество во владата. Тоа што го кажува воопшто не е точно – смета Ковачевски.
Димитров, додава тој, лично бил дел од градењето на истите тие позиции.
– Македонскиот јазик и македонски идентитет не биле, не се, и нема да бидат тема на разговор. Дали господинот Димитров е против овие изградени државни позиции во однос на разговорите со Бугарија и во кој дел, треба да каже самиот. Граѓаните да бидат спокојни дека владата во целост ќе ги заштити националните интереси, а преговорите на ниеден начин не се загорезени со заминувањето на Димитров – вели Ковачевски.





