Премиерот Димитар Ковачевски синоќа понуди уште една опција за донесување на уставните исзммени – дента кога ќе бидат изгласани, тој да поднесе оставка и ќе се распишат избори.



„Ниту еден човек не се родил за да биде премиер. Тоа е голема чест и одговорност, да спроведеш визија на граѓаните да живеат подобро и да бидеш искрен со нив.

И ако го погледнете моето експозе, за потребата од усвојување уставни измени, јас таму бев апсолутно искрен, што добиваме со ЕУ.

Јас јавно кажав дека денот кога ќе ги изгласаме уставните измени, јас ќе поднесам оставка и ќе одиме на избори“, кажа Ковачевски во синоќешното гостување во „Тема на денот“ на телевизијата Сител.