Ковачевски наместо да молчи да побара од Петков отворање на македонски клубови во Благоевград и Сандански, порача опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, по вчерашната посета на бугарската делегација во Битола, а по повод отворањето на клуб на Културниот центар „Ванчо Михајлов“.



Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ако и Петков е за добрососедство тогаш ќе отвори македонски културни клубови во Благоевград, Сандански или Софија.

Бугарската заедница во Македонија е мостот меѓу двете држави. Ние тој мост треба да го искористиме за да ги заштитиме нивните права, тоа воопшто не е спорно. Истовремено, мора да ни биде јасно дека и за бугарското малцинство во Македонија и за бугарскиот интерес е важно, Македонија еден ден да биде дел од Европската Унија“, пораќа вчера во Битола бугарскиот премиер Кирил Петков.

„Ковачевски да побара и рамноправност и заштита за македонците во Бугарија.

Наместо да ги минира позициите на Македонија со прифаќање на веќе одбиени предлози или кој знае што уште не прифатил, нека почне да се грижи за македонските интереси и црвени линии исцртани со Декларацијата од Собранието.

Дополнително пред да прифати било што и Ковачевски и Османи треба са ги информираат граѓаните, а не обратно“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.