Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека институциите на Бугарија треба да проценат на кој начин е регистриран македонскиот клуб, исто како што формирањето на бугарските клубови во нашата држава останува на оценка на нашите институции.
Бугарскиот в.д. премиер ќе следи што проповеда македонскиот клуб во Благоевград
За Клубот „Никола Вапцаров“ што утре треба да биде отворен во Благоевград рече дека е финансиран од приватни лица и оние кои се заинтересирани можат да одат.
„Би сакал да дополнам и дека во текот на летните месеци кажав дека како држава преку Министерството за култура и Владата ќе доставиме барање до Бугарија со цел отворање на официјален македонски културен центар во Благоевград како што имаме во Софија, Тирана и Сараево и други градови преку кој ќе може да се негуваат македонската култура и литература и граѓаните кои се самоопределуваат како Македонци да дојдат во контакт со неа“, изјави Ковачевски на денешното отпочнување со градба на источен дел од Коридор 8, секција Куманово-Бељаковце-Крива Паланка.
Ковачевски информираше дека присуствувал на отворањето на канцеларијата на Бугарската новинска агенција БТА во Скопје како и дека во Софија неговиот колега претседателот на Владата на Бугарија присуствувал на отворањето на канцеларијата на Медиумските Информативна Агенција (МИА).







