„Не сме подготвени да направиме отстапки“ одговори денеска премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање на какви отстапки е подготвена Владата во насока на решавање на спорот со Бугарија.
„Решението мора да се заснова на европските вредности, а тоа значи дека мора да е засновано на меѓусебно почитување меѓу политичарите, институциите и граѓаните на државите.
Во тој контекест сакам да нагласам дека сакаме достоинствено решение.
Ние имаме декларација во Собранието прифатена од парламентарните партии и таа декларација е основата за нашиот преговарачки тим во овој спор.
Решението мора да биде прифатливо за двете држави и за добро на регионот“, рече Ковачевски на денешната заедничка прес-конференцијата со премиерката на Србија Ана Брнабиќ која престојува во Скопје.







