Критикувајќи ја Бугарска социјалистичка партија (БСП) како наследничка на комунистите за „лажната историја“ што се предавала во Бугарија со децении, бугарскиот европратеник Андреј Ковачев ја спореди ситуацијата со Македонија.
„Во БСП, кога ќе стане збор за ова, велат: ‘Вие сакате да ја промените историјата’! Не, господа комунисти, вие ја променивте историјата, вие со децении предававте лажна историја, како што правеа и во Македонија“, изјави европратеникот од ГЕРБ за БТВ.
Според него, причината е во наталожувањето со децении на страв да се зборува за историјата, односно нејзиното насочување само во една насока.
„Зошто е толку комплицирано во Македонија да се каже вистината, зошто е толку опасно да се каже што е Гоце Делчев или Даме Груев? Со децении е наталожуван страв“, смета сопартиецот на бугарскиот премиер Бојко Борисов.





