Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев е загрижен дека против екс-премиерот Љубчо Георгиевски започнала хајка по вчерашниот акциски план во пет точки во кој екс-премиерот дава скандалозни предлози како да се разреши спорот што го наметна Бугарија.
„Честитки за храброста на Љубчо Георгиевски. Тој веќе е брутално нападнат и од СДСМ и од ДПМНЕ, што за жал покажува колку е отровно политичкото опкружување околу Вардар“, вели Ковачев каско што пренесе БГНЕС.
„Денес во РсМ има масовен напад од политичари и медиуми против предлозите на Љубчо Георгиевски. Повеќето медиуми дури и не го објавија планот на Георгиевски, но имаат бројни публикации против поранешниот премиер, а еден градоначалник на владејачката партија предложи „да му се одземе државјанството“, вели Ковачев пренесува агенцијата.
„Благодарност до г-дин Герогиевски за предлозите. Тие се навистина добар почеток. Се надевам дека владетелите во Македонија ќе ја слушаат неговата мудрост пред да тргнат да го распнат “, рече европратеникот и потпретседател на Европската народна партија Андреј Ковачев.






