На бугарскиот европратеник Андреј Ковачев не му се допаѓа намерата на власта во Македонија да внесе во Уставот и други етнички заедници покрај Бугарите.
„Тие мора да ги исполнат условите за отпочнување преговори, односно да ги гарантираат правата од нивното законодавство, кое ги гарантира правата на етничките заедници, па како што ги гарантира правата на албанската заедница, така да ги и гарантира и правата на бугарската. Тоа е во нивното разбирање на законодавството кое тие самите го донеле. Да имаа слично како бугарското законодавство и бугарскиот устав, тогаш ова прашање немаше да постои. Сега се прашуваат како да избегаат од ситуацијата, како да ги омаловажат Бугарите, па почнуваат да бараат други етнички заедници: Хрвати, Црногорци, сигурно ако најдат Јапонци исто така ќе ги вклучат пред нас, за да можат да ги наведат, ако може, сите заедници на оваа планета. само и само на крајот да бидат вклучени и Бугарите“, изјави Ковачев во опширно интервју за бугарската информативна агенција Фокус.






