Според бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, во трите дела на поделена Македонија со Букурешкиот договор – вардарскиот, пиринскиот и егејскиот – живеат Македонци во регионална смисла, а во етничка сè само не Македонци.



„Историските податоци покажуваат дека ниту во Вардарска, ниту во Егејска, ниту во Пиринска Македонија имало етнички Македонци. Бугари, Турци, Албанци, Власи, Ароманци, Роми. Сите што живеат во трите дела на географската област Македонија – Вардарска, Егејска и Пиринска – се Македонци во регионална смисла и се една палета од најразлични етноси што ги наброив предмалку. Сите историски податоци покажуваат дека најголемиот дел од тој етнички шарен килим се Бугарите и во трите дела на географската област Македонија“, изјави во интервју за бугарската агенција Фокус потпретседателот на ГЕРБ на поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов.