Ковачев уплашен Петков да не попушти во спорот со Македонија

Премиерот Кирил Петков е апсолутно неподготвен, не ја разбира темата, е очајно површен и е подготвен да изврши национално предавство, вели европратеникот Андреј Ковачев по повод последните изјави на премиерот Кирил Петков за односите меѓу Бугарија и Македонија, јави БГНЕС.



Реакцијата на Ковачев доаѓа по вчерашната изјава на бугарскиот премиер за „напредокот“ на историската комисија во преговорите меѓу двете земји околу „заедничката историја“, за правата на бугарското малцинство во Македонија, но и за делот од изјавата каде вели дека „РСМ што поскоро треба да добие место во европското семејство. Нашата влада е посветена да го постигне овој резултат што е можно побрзо“.

Ковачев за ова прашува:

„За каква експедитивност на бугарска страна зборува Петков?

За какви малцинства зборува овој човек? Какви меморандуми ќе потпише? Каков напредок постигна историската комисија? Дали МНР е вклучено во преговорите или е изолирано? Кој воопшто „преговара“?, праша Ковачев.

Според него тоа биле само празни муабети, „но овој човек може да и направи голема штета на нашата татковина уште долго! Дефинитивно не треба да го дозволиме ова предавство!

Според европратеникот, „во Скопје станале страшно дрски, затоа што Петков ги уверил дека ќе ги пушти“! (мислејќи веројатно за тргање на ветото за почеток на преговори)