Ковачев: Се’ зависи од Скопје, Бугарија не е кандидат за ЕУ…

„Очигледно некој ги советувал Македонците дека не треба да прават ништо според Договорот за соседство, нема економски напредок. Нема ниту напредок кон ЕУ”, рече во гостување во „Бугарија наутро“ европратеникот, Андреј Ковачев.



Тој вели дека „Сè зависи од Скопје. Бугарија не е кандидат и не зборуваме за блокада, туку за одложување“ мислејќи на денешниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ.

Ковечев потсети дека рамката за преговори се носи со консензус, и доколку не биде усвоена од сите земји-членки, таа ќе биде одложена за следното претседателство.

За односите Скопје-Софија европратеникот вели дека се многу „затегнати“ но и дека не веруваат во потпишаниот договор за добрососедство:

„Ние сме полноправна членка на Европската унија. Повеќе не веруваме во изјави, ја изгубивме вербата во Договорот за соседството. Не можеме повеќе да веруваме во такви смешни работи”.