Бугарскиот европратеник не исклучува дека почеток на преговорите меѓу Македонија може да започнат за време на едно од следните претседателства на ЕУ во 2021 година.



„Очигледно, нема да се донесе одлука на 17 ноември… Јас не би го нарекол ова вето, туку одложување“ изјави Ковачев за бугарска телевизија.

Тој вели дека одложувањето на процесотзависи од Скопје.

„Ако одлучат да го сменат своето мислење, да престанат да ја фалсификуваат историјата и да престанат да користат говор на омраза, тогаш ќе имаме друго решение. Но, малку е веројатно дека тоа ќе се случи во наредните денови “, рече Ковачев, кој кажа одреден рок кога ќе може да се најде решение.

Ковачев го прозва и македонскиот премиер.

„Заев направи реални чекори, што не ги направи Груевски, потпишувајќи ги двата договори со Бугарија и Грција. Сега се чини дека му недостига малку смелост и храброст да го исполни Договорот со Бугарија “, категоричен е Ковачев. БГНЕС