Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев вели дека е разочаран од изјавата на македонскиот претседател Стево Пендаровски дека Гоце Делчев во 1900-1901 година не можел да се изјасни како Македонец.
„Многу е жална изјавата на претседателот Пендаровски, навредлива за Бугарите, навредлива за македонските Бугари кои живееле на овие територии, на нивните предци, навредливо и за сегашните македонски Бугари кои се изјасниуваат како Бугари, веќе без страв. За нив тој (Пендаровски-н.з.) има единствена дефиниција дека тие го прават само за да добијат европски пасош, и прави паралела, што е застрашувачко, дека во 1900 и 1901 година, заради слични околности, Гоце Делчев не можел да се претстави како етнички Македонец и речиси бил принуден да се претстави како Бугарин.
Некомпететноста на претседателот Пендаровски е застрашувачка, вели Ковечав во интервју за Радио „Фокус“ .
„Или некој го довел во заблуда, или тој е неук или (…) едноставно не сакаат да ја признаат историската академска вистина“ вели Ковачев и додава: „Кога некој е роден во бугарско семејство во бугарскиот град Кукуш и се изјаснил како Бугарин од бугарска мајка, од бугарски татко, наеднаш не можете да кажете: Не, ова не е точно. Тој де факто секогаш сакал да се декларира како Македонец, но околностите во 1900 година не дозволија да го стори тоа.
Јас сум многу разочаран, навистина дури и се разболев кога го видов видеото на претседателот Пандаровски затоа што тој направи храбар чекор пред неколку месеци кога рече дека Гоце Делчев се декларирал за етнички Бугарин“, вели Ковачев.





