Довербата меѓу Бугарија и Северна Македонија е урната и треба да се изгради повторно. Европратеникот Андреј Ковачев, смета дека довербата меѓу Бугарија и Македонија е урната и дека треба да се изгради повторно.



Коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев според кој „наскоро ќе се надмине отпорот на Бугарија кон рамката за преговори на земјата за членство во ЕУ“, Ковачев ги повторува бугарските барања:

„С. Македонија мора да го исполни договорот со содржина за нашата заедничка историја и оваа комисија, која мора да донесе важни одлуки за историски толкувања засновани врз документите од соодветната ера, мора да биде вклучена во наставните програми во Република Северна Македонија, така што младите нема да бидат генерации образовани со фалсификувана и изманипулирана историја што ќе доведе до омраза кон Бугарите и Бугарија. Тогаш ќе има вистински напредок и Република с. Македонија може да започне преговори многу брзо и рамката за преговори може да се донесе.

„Сè е во рацете на македонските политичари и на Скопје“, вели Ковачев за бугарското Радио Фокус.