„Во Македонија немаат желба за напредок, има само прикаски. Тие ветуваат дека ќе ги решат проблемите во иднина, а од нас сакаат да продолжиме со безрезервна поддршка“, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, по изјавата на новото раководство на македонското МНР наведува дека преку Договорот меѓу двете земји ќе бидат решени сите историски спорови..
Македонскиот премиер Зоран Заев секогаш зборува со голем оптимизам и со голема надеж, се надевам дека е искрен, но до денес скоро и да нема резултати. Бугарија строго ќе се придржува до своите позиции. Од Скопје зависи почетокот на преговорите со Европската унија, порача бугарскиот европратеник во интервју за БГНЕС.




